Hüseyin Burak Demirer
21 Септември 2020•Ажурирај: 22 Септември 2020
АНКАРА (АА) - Во финалето на Западната конференција на американската Национална кошаркарска лига екипата на Лос Анџелес Лејкерс со 105:103 ја совлада екипата на Денвер Нагетс и поведе со 2:0, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во натпреварите од плејофот на НБА, синоќа се играше 2. натпревар од серијата до 4 победи во Западната конференција меѓу Лејкерс и Нагетс. На 2,1 секунда пред крајот на натпреварот Нагетс водеа со 102:103, но олстар-ѕвездата на Лејкерси, Ентони Дејвис, со тројка во последната секунда успеа да ѝ донесе победа на својата екипа и водство од 2:0 во серијата.
Дејвис со скор од 9 скока и 31 поен, од кои 22 во второто полувреме, беше најпрецизниот кошаркар на теренот и заедно со Леброн Џејмс, кој постигна дабл-дабл од 26 поени и 11 скока, на Лејкерси им ја донесоа втората победа.
Во редовите на Денвер Нагетс најпрецизен беше Никола Јокиќ со 30 поени, 9 скока и 4 украдени топки, додека Џамал Мареј постигна 25 поени и 6 скока.
Третиот натпревар е закажан за 23 септември, со почеток во 03:00 часот по централно европско време.