Oktaj Omeragik
11 Октомври 2019•Ажурирај: 14 Октомври 2019
СКОПЈЕ
Синоќа во рамките на 7. коло од квалификациите за Европското фудбалско првенство ЕУРО 2020 се одиграа 10 натпревари, пишува Anadolu Agency (AA).
Вчера се одиграа 10 натпревари од 7. коло по групи на квалификациите за пласман на ЕУРО 2020. Квалификациските натпревари продолжуваат денес и утре.
Репрезентацијата на Северна Македонија синоќа на домашен терен ја пречека Словенија. Натпреварот се одигра на Националната арена „Тоше Проески“ во Скопје. Првото полувреме заврши без погодоци 0:0. Во второто полувреме репрезентативците на С. Македонија играа поефикасно и веќе во 50. минута од средбата поведоа со 1:0 против Словенија. Голот го постигна Елиф Елмас. Истиот играч, „дијамантот“ на Македонија, во 68. минута од средбата го зголеми водството на 2:0. Словенија во 90+5 минута од судиското продолжение намали на 2:1 преку удар од белата точка.
Русија на домашен терен убедливо ја совлада репрезентацијата на Шкотска со 4:0, додека Белгија му нанесе катастрофален пораз на Сан Марино, затресувајќи ја гостинската мрежа 9 пати.
Резултати од синоќа одиграните натпревари:
Македонија - Словенија 2 : 1
Русија - Шкотска 4 : 0
Белгија - Сан Марино 9 : 0
Белорусија - Естонија 0 : 0
Холандија - Северна Ирска 3 : 1
Словачка - Велс 1 : 1
Хрватска - Унгарија 3 : 0
Казахстан - Кипар (грчки дел) 1 : 2
Летонија - Полска 0 : 3
Австрија - Израел 3 : 1.
Денес на програмата се 7 натпревари. Се среќаваат:
20:45 Турција - Албанија
20:45 Португалија - Луксембург
20:45 Црна Гора - Бугарија
20:45 Чешка - Англија
20:45 Украина - Литванија
20:45 Исланд - Франција
20:45 Андора - Молдавија.