Serhat Bağbars
13 Април 2018•Ажурирај: 14 Април 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Денеска со почеток во 12 часот, во седиштето на УЕФА во Швајцарија се одржа ждрепката за паровите кои ќе се сретнат во полуфиналето на УЕФА Лига Европа, а во 13 часот се извлекуваа паровите од полуфиналето на УЕФА Лигата на шампиони, јавува Anadolu Agency (AA).
Извлекувањето се одржа во швајцарскиот град Нион. Арсенал ќе игра против шпанскиот претставник Атлетико Мадрид. Првиот натпревар ќе се игра во Англија.
Во УЕФА Лига Европа, во првиот полуфинален натпревар, францускиот претставник Олимпик Марсеј ќе се соочи со австрискиот претставник Салцбург. Првиот натпревар ќе се игра во Австрија.
Првите полуфинални натпревари од Лига Европа ќе се одиграат на 26 април, а реванш-средбите се закажани за 3 мај.
Финалето на УЕФА Лига Европа ќе се одигра на 16 мај (среда) во францускиот град Лион.
Во 13 часот започна ждрепката на клубовите кои ќе се сретнат во полуфиналето на УЕФА Лигата на шампиони.
Германскиот претставник Баерн Минхен ќе игра против шпанската екипа Реал Мадрид, минатогодишен освојувач на титулата првак на Лигата на шампиони. Првиот натпревар ќе се одигра во Германија.
Во вториот полуфинален натпревар ќе се сретнат англискиот претставник Ливерпул и италијанскиот претставник Рома. Првиот натпревар ќе се одигра во Англија.
Полуфиналните натпревари од лигата на шампиони се закажани за 24 и 25 април, додека реванш-средбите ќе се одиграат на 1 и 2 мај.
Финалето на Лигата на шампиони ќе се одигра на 26 мај (сабота) во Украина, на Олимпискиот стадион во Киев.