Hüseyin Bağış
14 Август 2019•Ажурирај: 15 Август 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Англиските тимови Ливерпул и Челси вечерва во Истанбул ќе ги измерат силите во натпреварот од финалето на Супер купот на УЕФА, а по тој повод во Истанбул за безбедноста се ангажирани 15.000 полицајци, пренесува Anadolu Agency (AA).
Мечот меѓу Ливерпул и Челси се игра вечерва во 22:00 часот по локално време, во „Водафон арената“, домашниот терен на турскиот прволигаш Бешикташ.
Во соопштението од истанбулската полиција се наведува дека поради мечот, низ Истанбул, на плоштадите, аеродромите и на другите јавни места се ангажирани вкупно 15.000 полицајци. Од вкупниот број, во и околу стадионот се ангажирани 8.500 припадници на полицијата.
Поради натпреварот, блокирани се одредени улици околу стадионот во Истанбул.
Супер купот на УЕФА е соочување на двата победника на еврокуповите, односно победникот од Лигата на шампиони и Купот на УЕФА, односно Лига Европа.