Dejan Maksimoviç
14 Август 2019•Ажурирај: 18 Август 2019
РИМ (АА) - Марио Балотели е сѐ поблиску до враќањето во Италија, поточно во редовите на Бреша, повратникот во Серијата А, јавија италијанските медиуми, пренесува Anadolu Agency (AA).
Наводно Балотели му дал збор на Масимо Челини, претседателот на Бреша, дека ќе дојде и ќе потпише тригодишен договор. Бразилски Фламенго претходно, во текот на летото, се обиде да го доведе италијанскиот напаѓач. Меѓутоа, како што стојат работите, Балотели како слободен играч ќе се врати во Италија, по трите сезони што ги мина во Франција, односно во Ница и Олимпик Марсеј.
Балотели детството го мина во Ломбардија, а има куќа која од стадионот на Бреша е оддалечена околу двесте метри.
Некогаш еден од најголемите таленти на италијанскиот фудбал, во текот на кариерата играше за Лумезан, Интер, Манчестер Сити, Милан, Ливерпул, Ница и Марсеј. За репрезентацијата на Италија 29- годишниот италијански напаѓач одигра 36 натпревари, постигнувајќи 14 гола.