Berad Büyük
14 Август 2019•Ажурирај: 17 Август 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Екипите на Челси и Ливерпул, кои вечерва во Истанбул ќе ги одмерат силите во рамките на финалето на Суперкупот на УЕФА, на последниот тренинг пред натпреварот излегоа заедно со децата со инвалидитет, јавува Anadolu Agency (AA).
Двата клуба на своите профили на социјалните мрежи споделија видеоснимки од тренинзите на кои фудбалерите ги завршуваат последните подготовки заедно со дечињата со инвалидитет.
„Убави мигови помеѓу децата од Фондацијата УЕФА и црвените“, е насловот напишан над видеозаписот што е споделен на официјалниот фејсбук-профил на Ливерпул, а на видеоснимките може да се види дека на тренинзите биле присутни и тренерот Јурген Клоп и фудбалерот Мухамед Салах.
Истиот тренинг се наоѓа и на профилот на Челси споделен под насловот „За тоа станува збор!“
Натпреварот помеѓу Ливерпул и Челси се игра вечерва во 22:00 часот по локално време, на „Водафон арената“, домашниот терен на прволигашот Бешикташ.