AP
17 Јануари 2018•Ажурирај: 18 Јануари 2018
СЕУЛ (АА) - Претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае Ин, рече дека заедничкиот женски хокерарски тим со Северна Кореја на претстојните Зимски олимписки игри следниот месец, ќе биде историски настан што ќе ги разигра срцата на луѓето низ светот, јавува Anadolu Agency (AA).
Од канцеларијата на јужнокорејскиот претседател соопштија дека Џае Ин мислењето го изнел за време на состанокот со олимпискиот тим на Јужна Кореја.
Јужна Кореја сака Меѓународниот олимписки комитет да дозволи неколку играчи од Северна Кореја да се приклучат на женскиот јужнокорејски хокеарски тим, што би претставувало прв заеднички тим на двете земји на Олимпијадата.
Џае Ин истакна дека заедничкиот олимписки тим би можел да ги зајакне меѓуетничките врски. Тој додаде дека играњето на севернокорејските и јужнокорејските спортисти на Зимските олимписки игри претставува историски настан, кој би го подигнал расположението на луѓето во Јужна Кореја, но и низ светот.
Зимските олимписки игри, по 23 пат, ќе се одржат од 9 до 25 февруари оваа година, во јужнокорејскиот град Пјонгчанг.