Muhammed Enes Çallı
16 Декември 2019•Ажурирај: 17 Декември 2019
АНКАРА (АА) - Ждрепката за осминафиналето на Лигата на шампионите се одржа денеска во седиштето на УЕФА во Нион, Швајцарија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На ждрепката се најдоа осумте победници и осумте второпласирани од групната фаза.
Меѓу дерби-натпреварите од следната фаза од елитното клупско натпреварување во Европа секако се дуелите помеѓу Реал Мадрид и Манчестер сити, Атлетико и Ливерпул и дуелот помеѓу Челси и Баерн.
Тотенхем, уште еден тим од Премер лигата, ќе игра со актуелниот лидер во Бундес лигата, РБ Лајпциг.
Првите натпревари се закажани за 18 и 19 февруари и на 25 и 26 февруари. Реванш-натпреварите се на распоредот на 10, 11, 17 и 18 март.
За осминафиналето на Лигата на шампиони извлечени се паровите:
Борусија Дортмунд (Германија) - Париз Сен Жермен (Франција)
Реал Мадрид (Шпанија) - Манчестер сити (Англија)
Аталанта (Италија) - Валенсија (Шпанија)
Атлетико Мадрид (Шпанија) - Ливерпул (Англија)
Челси (Англија) - Баерн Минхен (Германија)
Лион (Франција) - Јувентус (Италија)
Тотенхем (Англија) - РБ Лајпциг (Германија)
Наполи (Италија) - Барселона (Шпанија)
Победниците од дуелите ќе се натпреваруваат за пласман во четвртфиналето за кое паровите ќе се извлекуваат на 20 март.