Emre Aşıkçı
15 Декември 2019•Ажурирај: 16 Декември 2019
АНКАРА (АА) - Полуфиналето на Светското клупско првенство на ФИФА ќе се одржи во вторник и среда на меѓународниот стадион „Калифа“ во главниот град на Катар, Доха, пишува Агенција Анадолија (АА).
Во вторник бразилскиот Фламенго ќе се сретне со саудискиот Ал Хилал во 8:30 часот по локално време.
Во полуфиналниот натпревар в среда, Ливерпул ќе игра против мексиканскиот клуб Монтереј од 8:30 часот по локално време.
Во вторник катарскиот клуб Ал Сад и тунискиот Есперанс ќе се борат за петтото место на Светското клупско првенство на ФИФА.
Натпреварувањето во организација на ФИФА првпат започна во 2000 година. На натпреварувањето учествуваат победниците на шесте континентални конфедерации, како и победникот од домашната лига на земјата домаќин.