Khalaf Rasha,Gülşen Topçu
12 Јуни 2017•Ажурирај: 13 Јуни 2017
ЛОЗАНА (АА) - Претседателот на Светската фудбалска организација (ФИФА), Џани Инфантино изрази уверување дека Катар ќе биде подготвен за организација на Светското првенство 2022 година, без оглед на актуелната криза во односите на таа земја со заливските соседи, јавува Anadolu Agency (AA).
„Раководството на ФИФА внимателно ја следи ситуацијата и сме во постојан контакт со властите на Катар. Соочени сме со дипломатска криза, но веруваме дека ситуацијата ќе се нормализира и дека Катар ќе може успешно да го организира Светското првенство 2022 година”, изјави Инфантино за швајцарскиот весник “Le Matin“.
Потсетувајќи дека останале уште пет години до планираниот Мундијал во Катар, Инфантино изјави дека нема да се двоуми да го искористи фудбалот за помош во решавањето на кризата доколку се укаже можност за тоа.
Саудиска Арабија, Бахреин, ОАР, Египет и Јемен на 5. јуни соопштија дека ги прекинале сите дипломатски односи со Катар, кој се товари за дестабилизација на регионот. Бахреин, Саудиска Арабија и ОАР го затворија воздушниот простор за Катар и на државјаните на таа земја им наредија да ги напуштат нивните граници во рок од 48 часа. Освен тоа, Саудиска Арабија ја затвори копнената граница со Катар кој се обидува да покрене судски процес против споменатите три земји.