Husamedin Gina
11 Јануари 2021•Ажурирај: 12 Јануари 2021
СКОПЈЕ (АА) – Одбојкарската репрезентација на Северна Македонија денеска во Спортскиот центар Борис Трајковски – Скопје во квалификацискиот турнир за настап на Европското одбојкарско првенство, ја совлада репрезентацијата на Босна и Херцеговина со 3:1 во сетови, јавува Агенција Анадолија (АА).
Денес во Скопје започна квалификацискиот турнир на кој машките репрезентации на Северна Македонија, Турција и Босна и Херцеговина ќе се борат за пласман на Европското првенство.
Одбојкарската репрезентација на Северна Македонија ја совлада репрезентацијата на Босна и Херцеговина со 3:1 во сетови.
Репрезентација на Северна Македонија, првиот сет кој траеше 33 минути го доби со 27:25.
Вториот сет, исто така, ѝ припадна на Северна Македонија, сетот кој траеше 24 минути го доби со 25:21.
Третиот сет кој траеше 27 минути, со 23:25 го освои репрезентацијата на Босна и Херцеговина.
Четвртиот и последен сет со резултат од 25:19 го освои репрезентацијата на Северна Македонија. Последниот сет траеше 26 минути.
На натпреварот судеа бугарскиот судија Иванов Ивајло од Бугарија и Аврамидис Александрос од Грција.
Распоред на следните натпревари од квалификациите во Групата Ц:
- 12 јануари 2021 година
18:00 Турција - Босна и Херцеговина
- 13 јануари 2021 година
18:00 Северна Македонија - Турција
На крајот од квалификациите за учество на Европското првенство во одбојка за мажи, што ќе биде организирано како два одделни турнири, тимовите кои во своите групи ќе го освојат првото место и најдобрите 5 второпласирани репрезентации ќе имаат право да учествуваат на ЕП 2021, што заеднички ќе го организираат Полска, Чешка, Естонија и Финска во 2021 година.