Bedrudin Brlyavac
08 Октомври 2016•Ажурирај: 08 Октомври 2016
САРАЕВО (AA) - Ширум Европа вечерва се одиграни натпреварите од 2. коло од квалификациите за Светското првенство 2018 година во Русија, јавува Anadolu Agency (AA).
Репрезентацијата на Франција во групата А во Париз ја совлада Бугарија со 4:1 додека во истата група Луксенбург е поразен од Шведска со 0:1, а Холандија со 4:1 ја совлада репрезентацијата на Белорусија.
Во рамките на групата Б, Унгарија дома е поразена од Швајцарија со 2:3.Во истата група Латвија на домашен терен е поразена од Фарските Острови со 0:2 а Португалија ја декласираше Андора со 6:0.
Во групата Х, Белгија во Брисел со 4:0 ја совлада Босна и Херцеговина со резултат 4:0, додека во истата група репрезентацијата на Грција го победи Кипар со 2:0, а Естонија беше подобра од Гибралтар со 4:0.
Во сабота во рамките на квалификациите за СП 2018 ќе се одиграат следните натпревари: Арменија- Романија, Азербејџан-Норвешка, Англија-Малта, Црна Гора-Казахстан, Германија-Чешка, Северна Ирска-Сан Марино, Полска-Данска, Шкотска-Литванија и Словенија-Словачка.