Bedrudin Brlyavac
08 Октомври 2016•Ажурирај: 08 Октомври 2016
БРИСЕЛ (AA) - Репрезентацијата на Белгија вечерва во рамките на групата Х од квалификациите за Светското првенство, во Брисел ја совлада репрезентацијата на Босна и Херцеговина со 4:0, јавува Anadolu Agency (AA).
Селекцијата на БиХ имаше добра шанса во 19 минута кога Сенад Лулиќ уфрли топка од десната страна а на одбиената топка Харис Медуњанин шутираше преку гол околу 16 метри.
Сепак, домаќинот потоа играше подобро и поведе во 26 минута со авотоголот на Емир Спахиќ кој откако што топката ја пропуштија Мертенс и Зукановиќ, топката ја испрати во својата мрежа.
Репрезентацијата на Белгија зголеми на 2:0 само три минути подоцна со голот на Еден Хазард на асистенција на Мартенс.
Белгија имаше уште неколку шанси до крајот на првото полувреме, но резултатот остана непроменет на крајот од првото полувреме.
Репрезентацијата на БиХ на почетокот на првото полувреме имаше неколку добри шанси но домашната селекција поведе и по трет пат во 60. минута од натпреварот, кога штоперот Тоби Алдервирелд погоди по изведениот корнер.
Реперзентацијата на БиХ во 68.минута имаше добра шанса преку Милан Ѓуриќ кој со удар со глава ја погоди пречката.
Белгија продолжи со добрите акции и во 79.минута поведе со 4:0 со голот на Ромелу Лукаку кој од 16 метри упати силен удар, а топлата на патот кон голот го погоди Зукановиќ и го изненади голманот Асмир Бегановиќ.
До крајот на натпреварот имаше уште неколку шанси но резултатот остана непроменет.
Репрезентацијата на БиХ следниот натпревар во квалификациите го игра на 10. октомври во Зеница против селекцијата на Кипар.