Ercan Çakar
05 Ноември 2023•Ажурирај: 08 Ноември 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Кениските атлетичари Пануел Мкунго и Беатрис Чепту се победници на 45. истанбулски маратон што се одржа денес со спонзорство на турската Иш банка, известува Анадолу.
Единствениот маратон на светот кој се трчи меѓу два континенти стартуваше утринава на азиската страна на Мостот на шеитите од 15. јули. По истрчани 42.195 метри, атлетичарите трката ја завршија на истанбулскиот плоштад Султан Ахмед.
Најбрз во машка конкуренција беше Кениецот Пануел Мкунго, кој маратонот го истрча за 2 часа, 10 минути и 35 секунди.
Втор беше неговиот сонародник Бенард Черујот Санг, а на подиумот како третопласиран се искачи уште еден Кениец, Џејмс Киплагат.
Победничка на Истанбулскиот маратон во женска конкуренција е Кенијката Беатрис Чепту, која патеката ја истрча за 2 часа, 27 минути и 9 секунди.
Второто и третото место, исто така, им припадна на кениските атлетичарки Вероника Нјени Маини и Валентини Матеико.