Tuncay Bekar
25 Април 2016•Ажурирај: 25 Април 2016
ТРАБЗОН (AA) - Две малолетни лица кои синоќа се уапесни поради вандалскиот инцидент на фудбалскиот натпревар помеѓу Трабзонспор и Фенербахче утрово се предадени на правосудните органи на Турција поради понатамошно процесуирање, јавува Anadolu Agency (AA).
Во 89 минута на мечот од турската Спор Тото Супер лигата помеѓу Трабзонспор и Фенербахче во моментите кога гостинскиот Фенербахче водеше со резултат 4:0 група на домашни навивачи дотрча на терен, а еден од навивачите и физички го нападна помошник судијата Волкан Бајарслан.
Натпреварот е прекинат а полицијата уапси двајца навивачи кои учествуваа во нередите.
Двајцата уапсени се малолетници и се предадени на надлежните органи за процесуирање на малолетничка деликвенција во Трабзон.
Пред обвинителството во Трабзон се собра помала група навивачи на Трабзонспор и со овации пружи помош на уапсените. Навивачите сметаат дека нивниот клуб константно е изложен на "судиски неправди" на теренот и дека на таков начин 2011 година ја загубија титулата првак на Турција.
Конечна одлука за синоќа прекинатиот меч ќе донесе надлежната комисија на Турскиот фудбалски сојуз (ТФС).