Erkan Tiryaki
03 Април 2019•Ажурирај: 03 Април 2019
ИСТАНБУЛ
Утре и задутре се игра последното коло од европското најголемо клупско кошаркарско натпреварување ТХЈ Евролига. По ова коло ќе бидат познати последните три екипи што ќе учествуваат во плејоф натпреварувањето, пишува Anadolu Agency (AA).
Натпреварите од 30. последно коло во кошаркарската ТХЈ Евролига се закажани за 4 и 5 април (четврток и петок).
Екипите на Фенербахче Беко, ЦСКА Москва, Реал Мадрид, Анадолу Ефес и Барселона Ласа претходно изборија пласман за натпреварувањето во плејофот. Во последното коло се бараат последните 3 билети, а за нив ќе се борат 6 екипи.
- Противникот на Анадолу Ефес е познат, Фенербахче Беко го очекува
Пред одигрувањето на последното коло во ТХЈ Евролигата, познат е противникот на Анадолу Ефес. Четвртопласираниот Анадолу Ефес во плејофот ќе се сретне со петтопласираната Барселона Ласа.
Фенербахче Беко, како првопласиран во Евролигата, за противник ќе ја има осмопласираната екипа, која ќе биде позната по одигрувањето на ова коло.
- Шест кандидати за последните 3 билети во плејофот
Шест екипи во последното коло имаат шанса да се изборат за еден од трите билети кои водат во плејофот.
Басконија, Панатинаикос, Жалгирис, Армани Олимпија Милано, Макаби Фокс и Олимпиакос ќе се обидат да се пласираат во плејофот на ТХЈ Евролигата.
Меѓу овие екипи, Басконија и Панатинаикос сами ќе си ја кројат судбината. Доколку извојуваат победа во последното коло, и двете екипи ќе се пласираат во плејофот.
Според постигнатите резултати, можно е пласманот во плејофот да биде одреден според 3, 4, 5 или 6 статистички податоци.
- Натпревари од последното коло и бодовна состојба
Во 30. последно коло од редовниот тек на ТХЈ Евролигата, во четврток и петок се среќаваат:
4 април, чеврток
19:00 ЦСКА Москва - Басконија
19:30 Анадолу Ефес - Армани Олимпија Милано
20:00 Панатинаикос - Будуќност ВОЛИ
21:00 Реал Мадрид - Жалгирис
5 април, петок
19:45 Фенербахче Беко - Макаби ФОКС
20:00 Баерн Минхен - Хербалајф Гран Канарија
20:30 Олимпиакос - Дарушафака Текфен
21:00 Барселона Ласа - Химки
- Бодовна состојба
| Екипа | Н | П | П | Пос. поени | Прим. поени | Раз. | Бодови |
| 1. Фенербахче Беко | 29 | 24 | 5 | 2426 | 2162 | 264 | 53 |
| 2. ЦСКА Москва | 29 | 23 | 6 | 2508 | 2319 | 189 | 52 |
| 3. Реал Мадрид | 29 | 22 | 7 | 2492 | 2249 | 243 | 51 |
| 4. Анадолу Ефес | 29 | 19 | 10 | 2461 | 2311 | 150 | 48 |
| 5. Барселона Ласа | 29 | 17 | 12 | 2275 | 2208 | 67 | 46 |
| 6. Басконија | 29 | 15 | 14 | 2371 | 2296 | 75 | 44 |
| 7. Панатинаикос | 29 | 15 | 14 | 2295 | 2278 | 17 | 44 |
| 8. Жалгирис | 29 | 14 | 15 | 2267 | 2237 | 30 | 43 |
| 9. Армани Олимпија Милано | 29 | 14 | 15 | 2506 | 2499 | 7 | 43 |
| 10. Макаби ФОКС | 29 | 14 | 15 | 2301 | 2268 | 33 | 43 |
| 11. Олимпиакос | 29 | 14 | 15 | 2227 | 2227 | 0 | 43 |
| 12. Баерн Минхен | 29 | 13 | 16 | 2264 | 2327 | -63 | 42 |
| 13. Химки | 29 | 9 | 20 | 2259 | 2366 | -107 | 38 |
| 14. Хербалајф Гран Канарија | 29 | 8 | 21 | 2240 | 2532 | -292 | 37 |
| 15. Будуќност ВОЛИ | 29 | 6 | 23 | 2163 | 2463 | -300 | 35 |
| 16. Дарушафака Текфен | 29 | 5 | 24 | 2164 | 2477 | -313 | 34 |