Fatih Erel
13 Февруари 2020•Ажурирај: 14 Февруари 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Кошаркарската легенда Коби Брајант и неговата ќерка Џијана, кои трагично ги загубија своите животи во хеликоптерска несреќа, се погребани во приватна погребна церемонија пред да биде одржана јавната комеморација, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на НБА се вели дека тие биле погребани на гробиштата во Јужна Калифорнија минатиот петок.
Јавната комеморација во чест на Брајант ќе биде одржана на 24 февруари во центарот „Стејплс“ во Лос Анџелес - домот на Лејкерс, тимот за кој Брајант играше 20 години.
Кошаркарот Коби и неговата ќерка Џијана загинаа на 26 јануари во кобната хеликоптерска несреќа во Калабалас, со уште седум лица кои беа со нив во хеликоптерот.
Легендарниот бек на Лос Анџелес Лејкерс, Коби Брајант (41), беше петкратен шампион во НБА.
Брајант, својата славна 20-годишна кариера, ја помина со Лејкерси. Тој му помогна на тимот на САД да освои два олимписки медали во Пекинг 2008 и Лондон 2012 година.
Коби освои и Оскар во 2018 година, за филмот „Драгата кошарка“, кој беше номиниран за најдобар анимиран краток филм. Филмот го прикажува Брајант како дете, сонувајќи еден ден да стане шампион во кошарка и НБА ѕвезда.