Emre Aşıkçı
07 Август 2024•Ажурирај: 09 Август 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Србија, Франција и Соединетите Американски Држави (САД) се пласираа во полуфиналето во кошарка за мажи на Олимписките игри во Париз 2024, јавува Анадолу.
Српската машка кошаркарска репрезентација победи по возбудливите продолженија со резултат 95:90 против Австралија во „Берси Арена“.
Србија кон победата ја водеа Никола Јокиќ со 21 поен, 14 скока и девет асистенции и Богдан Богдановиќ со 17 поени.
И покрај 26 поени на Пети Милс и 25 поени на Џош Гиди, Австралија се збогуваше со Олимпијадата.
- САД го победија Бразил со 122:87 во „Берси Арена“ -
Во уште една четвртфинална пресметка домаќинот Франција ја победи Канада со 82:73 во оваа арена и се пласира во полуфиналето.
Француската репрезентација имаше четири двоцифрени стрелци, а темпото го диктираа Гершон Јабуселе со 22 поена, Исаја Кординие постигна 20 поени, а Еван Фурние 15 поени.
Матијас Лесорт додаде уште 13 поени за Франција.
Канаѓанецот Шаи Гилџеус-Александер беше најдобар стрелец на натпреварот со 27 поени, а Ер Џеј Барет имаше 16 поени.
Тимот на САД доминираше над Бразил и го победи со резултат 122:87 и во „Берси Арена“ се пласира во полуфиналето.
Американецот Девин Букер постигна 18 поени, Ентони Едвардс 17, Џоел Ембиид 14, а Леброн Џејмс постигна 12 поени и девет асистенции.
Бразилецот Бруно Кабокло имаше рекордни 30 поени со шест скока, а Џорџињо де Паула 15 поени.
Домаќинот Франција во полуфиналето ќе се соочи со светскиот шампион Германија, а Србија ќе ги одмери силите со САД во полуфиналето во „Берси Арена“ во четврток.