Doğa Kırmızıoğlu
21 Јули 2021•Ажурирај: 23 Јули 2021
АНКАРА (АА) - Летните олимписки и Параолимписки игри во 2032 година ќе се одржат во Бризбејн, Австралија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Меѓународниот олимписки комитет се наведува дека со едногласна одлука донесена по состанокот на бордот, Олимписките и Параолимписките игри во 2032 година ќе се одржат во Бризбејн, Австралија.
По Мелбурн во 1956 година и Сиднеј во 2000 година, Австралија по трет пат ќе биде домаќин на Олимпијадата.
Олимпијадата во 2024 година ќе се одржи во Париз, Франција, а Олимпијадата 2028 година во Лос Анџелес, САД.