Dejan Maksimoviç
15 Февруари 2018•Ажурирај: 17 Февруари 2018
ВИЕНА (АА) - Европската ракометна федерација (EHF) ги објави кандидатите за организација на европските првенства во ракомет во 2022 и 2024 година за мажи, и во 2022 година за жени. Единствена понуда за организација на ЕП во ракомет во 2022 година за жени заеднички упатија Македонија, Црна Гора и Словенија, Македонија, така што постојат шанси трите земји од регионот да бидат домаќини, јавува Anadolu Agency (AA).
Многу поголем интерес за организација на завршните турнири во машка конкуренција покажаа националните федерации. Така за ЕУРО 2022 сакаат да бидат организатори Белгија, Шпанија и Франција, потоа Данска и Швајцарија, и Унгарија и Словачка. Интерес за да бидат домаќини на првенството во 2024 година, преку заедничка кандидатура, покажаа Данска и Швајцарија, и Унгарија и Словачка, а самостојно аплицираше Германија.
Заега никој не достави понуда за организација на Европското првенство во ракомет во 2024 година за жени, нагласија од EHF.
Домаќините на натпреварот за 2022 и 2024 ќе бидат одредени на Конгресот на EHF, кој ќе се одржи на 18 и 19 јуни оваа година во Глазгов.