Abdulkadir Karakaya
19 Ноември 2020•Ажурирај: 20 Ноември 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Фудбалскиот клуб од англиската Премиер лига, Манчестер Сити, потпиша нов договор со тренерот Пеп Гвардиола, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на клубот, договорот на шпанскиот тренер кој ќе заврши на крајот на сезоната, е продолжен до 2023 година.
Четириесет и деветгодишниот Гвардиола во 2016 година стана тренер на Манчестер Сити.
Гвардиола со овој клуб на 245 натпревари освои 181 победа, 28 нерешени мечови и 36 порази.
Во периодот на Гвардиола, Манчестер Сити освои два шампионати во Премиер лигата, еден шампионат во ФА Куп и три шампионати во англискиот куп.