ИСТАНБУЛ
Завршија натпреварите од групната фаза во УЕФА Лигата на нации, известува Агенција Анадолија (АА).
Во Лигата на нации, натпреварувањето на УЕФА на репрезентативно ниво во фудбал заврши и последното, 6. коло од групната фаза со 18 натпревари во лигите А, Б и Ц.
Неодигран остана натпреварот Швајцарија - Украина кој е откажан поради случаи на Ковид-19 во тимот на Украина.
Репрезентацијата на Северна Македонија, по историскиот пласман на ЕВРО 2020 имаше шанса во УЕФА Лигата на нации да се пласира во Лигата Б, но по поразот од Ерменија од 1:0, Ерменија е првопласирана во Групата 2 со 11 бода, а Северна Македонија со 9 бода го освои второто место.
Во Групата 3 од Лигата Б репрезентацијата на Турција имаше шанса со победа над Унгарија, да го освои првото место во групата и да избори пласман во Лигата А, доколку Србија ја совлада Русија. Србија извојува вискока победа над Русија од 5:0, но Романија не дозволи изненадување на домашен терен и совладувајќи ја Турција со 2:0, го освои првото место во оваа група. Турција од фаворит за прво место, падна на последната позиција во групата и следната сезона ќе игра во Лигата Ц.
Еден од решавачките натпревари за пласман во финалето на Лигата на нации беше дуелот во кој БиХ на домашен терен ја пречека Италија. Гостите извојуваа победа од 0:2, а погодоците ги постигнаа Андреа Белоти во 22. минута и Доменико Берарди во 68. минута од средбата. Со оваа победа Италија со 12 бода го освои првото место во групата 1 од Лигата А пред Холандија која има 11 бода, додека БиХ со освоени 2 бода, како последна во групата излезе од Лигата А и наредната сезона ќе игра во Лигата Б.
Во Групата 2 од Лигата А Белгија на домашен терен ја пречека репрезентацијата на Данска. Домаќините извојуваа победа од 4:2. Погодоците за Белгија ги постигнаа Јури Тилеманс во 3. минута, Ромелу Лукаку во 56. и 69. минута и Кевин де Брујн во 87. минута, додека головите за Данска ги постигнаа Јонас Винд во 17. и Насер Шадли во 87. минута од натпреварот.
На овој начин, по Шпанија и Франција, Италија и Белгија се пласираа во финалето на Лигата на нации.
По завршувањето на натпреварите во групната фаза во Лигата на нации, репрезентациите на Австрија, Чешка, Унгарија и Велс се пласираа во Лигата А, а Црна Гора, Албанија, Ерменија и Словенија ќе бидат членки на Лигата Б.
БиХ, Исланд и Шведска ќе играат во Лигата Б. Неодиграниот натпревар меѓу Швајцарија и Украина ќе ја одреди последната репрезентација која ќе ја напушти лигата А.
Турција, Северна Ирска, Словачка и Бугарија се репрезентации кои ќе играат во Лигата Ц.
Дуелите Молдавија - Казахстан, Естонија- Кипар (грчки дел) во плеј-аут натпревари кои ќе одредат кои репрезентации ќе ја напуштат лигата Ц, а кои ќе го продолжат натпреварувањето во оваа лига.
Репрезентациите на Фарски Острови и Гибралтар ќе играат во Лигата Ц.
Резултати од синоќа одиграните натпревари во Лигите А, Б и Ц:
Лига А
Група 1: Босна и Херцеговина - Италија 0:2
Полска - Холандија 1:2
Група 2: Англија - Исланд 4:0
Белгија - Данска 4:2
Лига Б
Група 1: Северна Ирска - Романија 1:1
Австрија - Норвешка 1:1
Група 2: Израел - Шкотска 1:0
Чешка - Словачка 2:0
Група 3: Унгарија - Турција 2:0
Србија - Русија 5:0
Група 4: Република Ирска - Бугарија 0:0
Велс - Финска 3:1
Лига Ц
Група 2: Ерменија - Северна Македонија 1:0
Грузија - Естонија 0:0
Група 3: Косово - Молдавија 1:0
Грција - Словенија 0:0
Група 4: Казахстан - Литванија 1:2
Албанија - Белорусија 3:2
news_share_descriptionsubscription_contact
