Emre Aşıkçı
07 Ноември 2024•Ажурирај: 10 Ноември 2024
ПАРИЗ (АА) – Навивачите на фудбалскиот клуб Пари Сен Жермен (ПСЖ) синоќа истакнаа транспаренти во знак на солидарност со Палестина на натпреварот од Лигата на шампионите на УЕФА против Атлетико Мадрид, јавува Анадолу.
„Слободна Палестина“ пишуваше на голем транспарент на англиски јазик. Навивачите, пред почетокот на натпреварот во парискиот „Парк на принцовите“, кренаа и малку помал транспарент со порака „Битка на теренот, но мир во светот“ на француски јазик.
Натпреварот од четвртото коло во Лигата на шампиони заврши со победа на гостите од Мадрид со резултат 2:1.
Израел ја продолжува својата брутална офанзива во Појасот Газа од 7 октомври 2023 година. Во нападите се убиени речиси 43.400 Палестинци.
Израел се соочува со обвиненија за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите дејства во Газа.