Hakan Çopur
13 Септември 2020•Ажурирај: 14 Септември 2020
ЊУЈОРК (АА) - Јапонската тенисерка Наоми Осака, деветта во светот, го освои грен слем турнирот УС Опен, совладувајќи ја 27-та тенисерка во светот, Белорусинката Викторија Азаренка, со 2:1 во сетови, јавува Агенција Анадолија (AA).
Азаренка беше подобра во првиот сет со 6:1, но Осака го доби следниот сет со 6:3.
Јапонската тенисерка го освои и третиот сет со резултат 6:3, а по неполни два часа игра дојде до големата победа и титулата на УС Опен.
Ова е трета грен слем титула на Осака и втора на УС Опен.
Мечот исто така ќе остане запишан во историјата како прво грен слем финале без публика.
Азаренка (31) не успеа да дојде до триумф во своето трето финале на УС Опен, каде што претходно во 2012 и 2013 година беше поразена. Осака има три финални натпревари и три победи на грен слем турнирите.