Abdulkadir Karakaya
31 Март 2021•Ажурирај: 01 Април 2021
ИСТАНБУЛ
Орландо Меџик со резултат 103:96 го совлада Лос Анџелес Клиперс во рамките на натпреварите на НБА, јавува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа 4 средби во американската Национална кошаркарска лига (НБА). Тимот на Орландо Меџик, кој се наоѓа во долниот дел од табелата во Источната конференција, со резултат 103:96 го совлада Лос Анџелес Клиперс, третопласираниот во Западната конференција и ѝ ставајќи крај на серијата од 6 победи на противникот.
Во тимот на Меџик, во кој петмина кошаркари постигнаа двоцифрен број поени, најпрецизни беа Чума Океке со 18 поени и 4 скока и Теренс Рос со 15 поени и 2 скока.
Кај Клиперс, Кавај Леонард постигна 28 поени и 5 асистенции, Лук Кенард постигна 17 поени и 3 скока, но тоа не беше доволно за да се избегне поразот.
- Севентисиксерс загубија од Денвер Нагетс
Екипата на Филаделфија Севентисиксерс, лидерот на Источната конференција во НБА, загуби од домаќинот Денвер Нагетс со резултат 104:95.
Најпрецизен во редовите на Нагетс беше Џамал Мареј со 30 поени и 6 скока, а дабл-дабл учинок постигнаа Мајкл Портер со 27 поени и 12 скока и Никола Јокиќ со 21 поен и 10 скока.
Кај Филаделфија Севентисиксерс, која го доживеа својот втор пораз, најдобра игра прикажаа Тајриз Макси со 13 поени, Тобајас Херис со 12 поени и Бен Симонс со 11 поени.
Резултати:
Вашингтон Визардс - Шарлот Хорнетс 104:114
Денвер Нагетс - Филаделфија Севентисиксерс 104:95
Феникс Санс - Атланта Хоукс 117:110
Лос Анџелес Клиперс - Орландо Меџик 96:103.