Hüseyin Burak Demirer
21 Јуни 2021•Ажурирај: 21 Јуни 2021
АНКАРА (АА) - Екипата на Атланта Хоукс со 96:103 ја совлада Филаделфија Севентисиксер во седмиот последен натпревар во полуфиналето на Источната коференција на НБА и со 4:3 во серијата од четири победи се пласираше во финалето на конференцијата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа во американската Национална кошаркарска лига (НБА) се одигра два натпревара. Откако во полуфиналето од понатамошното натпреварување се збогува екипата на Јута Џез, која регуларниот тек од сезоната го заврши како лидер во Западната конференција, од плејофот на НБА се прости и тимот на Филаделфија Севентисиксерс кој беше лидер на Источната конференција. Тимот на Хоукс во седмиот натпревар од полуфиналето на Источната конференција ги совлада Севентисиксерс и се пласира во финалето, каде ќе игра против екипата на Милвоки Бакс.
Најпрецизен кошаркар во редовите на Хоукс беше Кевин Ертер со постигнати 27 поени, 7 скока. Дабл-дабл учинок кај Бакс постигнаа Тре Јанг со 21 поени, 10 асистенции и Џон Колинс со 14 поени, 16 скока.
Кај Сенвентисиксерс дабл-дабл постигнаа Џоел Ембид со 31 поен, 11 скока и Тобајас Херис со 24 поени, 14 скока. Турскиот интернационалец Фуркан Коркмаз постигна 5 поени и 2 скока.
- Санс поведоа со 1:0 во финалето на Западот -
Вчера се одигра првиот натпревар од финалето на Западната Конференција меѓу екипите на Феникс Санс и Лос Анџелес Клиперс. Санси на домашен терен победија со 120:114.
Најдобар перформанс во редовите на Санс прикажа Девин Букер, кој на оваа средба постигна трипл-дабл од 40 поени, 13 скока и 11 асистенции, додека Деандре Ejтон постигна 20 поени и 9 скока. Букер, по Стив Неш (2005) е првиот играч на Санс кој успеал да постигне трипл-дабл во плејофот на НБА.
Кај Клиперс, Пол Џорџ постигна 34 поени, 5 скока, додека Реџи Џексон натпреварот го заврши со 24 поени, 6 скока.