Doğa Kırmızıoğlu
27 Јануари 2021•Ажурирај: 28 Јануари 2021
АНКАРА - Во рамките на натпреварите од американската Национална кошаркарска лига (НБА), Јута Џез со резултат 108:94 го совлада Њујорк Никс и ја извојува својата 9. победа во серија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа 3 натпревари во НБА. Екипата на Јута Џез која игра одлично, совладувајќи го Њујорк Никс со 14 поени разлика, ја постигна својата 13. победа сезонава.
Кај Џезерите, кои се наоѓаат на втората позиција во Западната конференција, најдобар перформанс прикажаа Ројс О’Нил со постигнати 20 поени, 6 скока, 2 асистенции, Руди Гоберт со дабл-дабл од 18 поени, 19 скока, 2 асистенции, 4 блокади и Мајк Конли со 19 поени, 7 скока, 5 асистенции.
Во редовите на Никси кои го доживеаја својот 11. пораз сезонава, најпрецизни беа Остин Риверс со постигнати 25 поени, 3 скока, 1 асистенција, Џулиус Рендл со дабл-дабл од 18 поени, 10 скока, 4 скока и Ар Џеј Берет со 17 поени, 4 скока, 4 асистенции.
- Лос Анџелес Клипер загуби -
Екипата на Лос Анџелес Клиперс, една од екипите што се наметнаа оваа година, ја заврши својата серија од 7 последователни победи по поразот од Атланта Хоукс со резултат 108:99.
Во 9. победа сезонава на Хоукс, најпрецизни беа Тре Јанг со 38 поени, 3 скока, 5 асистенции, Деандре Хантер со 22 поени, 3 скока, 4 асистенции, додека дабл-дабл учинок постигнаа Клинт Капела од 13 поени, 18 поени и Џон Колинс од 11 поени, 11 скока, 3 асистенции.
Клиперси го доживеаја својот 5. пораз сезонава, а најпрецизни беа Реџи Џексон со 20 поени, 8 асистенции, 7 скока, Серж Ибака со 15 поени, 5 скока, 3 асистенции, Ивица Зубац оствари дабл-дабл од 13 поени, 10 скока, додека Лук Кенард постигна 13 поени, 3 скока, 2 асистенции.
- Рокетси со 19 поени разлика го победија Визардс -
Хјустон Рокетс на домашен терен ги пречека Вашингтон Визардс. Рокетси со резултат 107:88 го совлада Визардс и нанижа 3 победи во серија.
Хјустон ја постигна својата 7. победа сезонава, а најзаслужни за тоа беа Џон Вол со 24 поени, 5 асистенции, 2 скока, Виктор Оладипо со 20 поени, 5 асистенции, Ерик Гордон со 20 поени, 4 асистенции, 2 скока, додека Демаркус Казинс постигна дабл-дабл учинок од 19 поени, 11 скока, 5 украдени топки, 2 асистенции.
Во екипата на Визардс, која по десеттиот пораз сезонава се наоѓа на последното место во Источната конференција, најдобра игра прикажаа Бредли Бил со 33 поени, 5 скока, 4 асистенции и Расел Вестбрук со дабл-дабл од 19 поени, 11 скока, 7 асистенции.