Admir Fazlagic
10 Декември 2018•Ажурирај: 11 Декември 2018
СКОПЈЕ (АА) - Изминатиот викенд во Скопје се одржа 31. Европско поединечно првенство во забрзан шах, во кое златен медал освои рускиот велемајстор Валериј Попов, јавува Anadolu Agency (AA).
Во конкуренција на над 400 шахисти од 37 држави, по одиграните 13 кола Валериј Попов го освои првото место, второто место го освои велемајсторот Андреј Есипенко, исто така од Русија, а трет беше велемајсторот Вахап Шанал од Турција.
Најуспешен македонски шахист на натпреварувањето е велемајсторот Кирил Георгиев, кој го освои одличното петто место.
31. Европско поединечно првенство во забрзан шах се одржа во Скопје на 8 и 9 декември во организација на Македонската шаховска федерација со поддршка на Европската шаховска унија.