Doğa Kırmızıoğlu
28 Септември 2022•Ажурирај: 04 Октомври 2022
АНКАРА (АА) ‒ Расистички напад е извршен врз бразилската фудбалска ѕвезда Ришарлисон за време на пријателскиот натпревар против Тунис што се одигра во Париз, главниот град на Франција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На натпреварот што се одигра на Стадионот „Парк на принцовите“, селекцијата на Бразил извојува победа од 5:1, а врз Ришарлисон беше фрлена банана од трибините додека го славеше постигнувањето на вториот гол на својот тим.
По натпреварот, Ришарлисон, критикувајќи го настанот што му се случи за време на натпреварот, на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша: „Сѐ додека на ваквите настани продолжуваме да реагираме со празни и исти зборови и виновниците не бидат казнети, овие настани ќе продолжат да се случуваат секој ден и насекаде.“
Едналдо Родригез, претседателот на Бразилската фудбалска федерација, го поддржа Ришарлисон и го осуди настанот во своите објави на Твитер.