Husamedin Gina
27 Септември 2022•Ажурирај: 27 Септември 2022
СКОПЈЕ (АА) - Фудбалската репрезентација на Северна Македонија, во рамките на последното коло во групата Ц од УЕФА Лигата на нации, вечерва на стадионот „Тодор Проески“ во Скопје, загуби од репрезентацијата на Бугарија со резултат од 0:1, јавува Агенција Анадолија (АА).
По вечерашниот натпревар, бугарската фудбалска селекција заврши на втората позиција на табелата, додека Северна Македонија е на третото место.
Грузија го обезбеди првото место на табелата и ќе патува во плеј-оф натпреварите.
Фудбалска репрезентација на Северна Македонија на самиот почеток на натпреварот, во 14 минута, остана со играч помалку против Бугарија, откако црвен картон заработи Тодор Тодороски.
Фудбалската репрезентација на Бугарија поведе со 1:0 со голот на Кирил Десподов во 50. минута, по еден контранапад. Со истиот резултат заврши и натпреварот.
Северна Македонија и Бугарија и во следниот циклус ќе се натпреваруваат во Ц-дивизијата во Лигата на нации, а Грузија ќе се натпреварува во Б-дивизијата.
Репрезентациите на Северна Македонија и на Бугарија се сретнаа на 2 јуни, во Разград, натпреварот заврши 1:1.