Doğa Kırmızıoğlu
18 Ноември 2021•Ажурирај: 18 Ноември 2021
АНКАРА (АА) - Поранешната репрезентативка во крикет, Англичанката Ебони Рејнфорд-Брент, на својот профил на социјалните мрежи го сподели расистичкото писмо што ѝ било испратено, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Рајнфорд-Брент, првата црнкиња која настапуваше за репрезентацијата на Велика Британија, на својот профил на социјалната мрежа Твитер го сподели писмото со говор на омраза испратено до неа.
По објавата на писмото со закани да ја напушти Велика Британија, 37-годишната поранешна спортистка од нејзините обожаватели доби илјадници пораки на поддршка.
Ебони Рејнфорд-Брент, која настапуваше за националниот тим на Велика Британија на 29 натпревари во периодот од 2001 до 2010 година, по своето пензионирање работи како коментатор на крикет натпреварите на британските тв-канали.