Hüseyin Burak Demirer
18 Ноември 2021•Ажурирај: 19 Ноември 2021
АНКАРА (АА) - Во натпреварот од американската Национална кошаркарска лига (НБА), Феникс Санс со 105:98 го совлада Далас Маверикс и ја оствари својата 10-та последователна победа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа 11 натпревари во НБА. Минатогодишниот финалист, екипата на Санс, како домаќин го совлада Маверикс и оствари серија од 10 последователни победи за првпат од 2010 година.
Во екипата на Санс, шест играчи постигнаа двоцифрен број на поени, а во прв план беа Девин Букер со 24 поени, 9 скока и Деандре Ејтон со дабл-дабл од 19 поени, 13 скока.
Во редовите на Маверикс кој настапи без Лука Дончиќ, најпрецизни играчи беа Кристапс Порзингис, со 21 поен, 8 скока, 7 асистенции, Џејлен Брунсон со 18 поени, 9 скока, 9 асистенции и Тим Хардавеј Џуниор со 22 поени, 4 асистенции, 2 скока, но тоа не беше доволно за да се избегне поразот од Санс.
- Бакс го совлада Лејкерс со 47-те поени на Антетокумпо -
Актуелниот шампион на НБА, тимот на Милвоки Бакс, кој слабо ја започна сезоната, на средбата одиграна пред својата публика го совлада Лос Анџелес Лејкерс со 109:102.
Ѕвездата на Бакс, Јанис Антетокумпо, беше најефикасниот играч на теренот, постигнувајќи 47 поени и 9 скока, со 78,3 проценти прецизност од поле. Крис Мидлтон, кој пропушти 8 натпревари бидејќи беше позитивен на тестот на новиот тип коронавирус, постигна 16 поени, 6 асистенции и 5 скока.
Во редовите на Лејкерси, најдобар перформанс со дабл-дабл учинок прикажаа Тален Хортон-Такер со 25 поени, 12 скока, 3 асистенции и Расел Вестбрук со 19 поени, 15 асистенции, 4 скока, додека Ентони Дејвис натпреварот го заврши со 18 поени, 9 скока и 4 асистенции.
- Џеди постигна 11 поени против Нетс -
Тимот на Бруклин Нетс, еден од фаворизираните екипи на Источната конференција, на домашен терен го совлада Кливленд Кавалирс со 109:99.
Кај Нетс, четири играчи постигнаа над 20 поени. Џејмс Харден постигна дабл-дабл учинок од 27 поени, 10 скока, 7 асистенции, Ламаркус Олдриџ постигна 24 поени, 7 скока, додека Кевин Дурант постигна 23 поени, 4 скока, 3 асистенции, а Пети Милс натпреварот го заврши со 21 поен.
Во редовите на Кавалирс, најпрецизни беа Рики Рубио со 25 поени, 5 асистенции и Дариус Гарланд со 24 поени, 6 асистенции и 5 скока. Турскиот интернационалец, охриѓанецот Џеди Осман, кој на паркетот влезе од клупата, постигна 11 поени и 4 скока.
- Резултати
Шарлот Хорнетс - Вашингтон Визардс 97:87
Детроит Пистонс - Индијана Пејсерс 97:89
Атланта Хоукс - Бостон Селтикс 110:99
Бруклин Нетс - Кливленд Кавалирс 109:99
Њујорк Никс - Орландо Меџик 98:104
Мајами Хит - Њу Орлеанс Пеликанс 113:98
Милвоки Бакс - Лос Анџелес Лејкерс 109:102
Минесота Тимберволвс - Сакраменто Кингс 107:97
Оклахома Сити Тандер - Хјустон Рокетс 101:89
Портланд Треил Блејзерс - Чикаго Булс 112:107
Феникс Санс - Далас Маверикс 105:98