Fatih Erel
23 Септември 2019•Ажурирај: 23 Септември 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - По последните натпревари во текот на викендот, на челните позиции во првите пет европски фудбалски лиги се Ливерпул, Атлетик Билбао, Лајпциг, Интер и Париз Сен Жермен, пишува Anadolu Agency (AA).
Во англиската Премиер лига, лидерот Ливерпул го порази Челси со резултат од 2:1, победувајќи во првите шест меча по ред во сезоната.
Шампионот Манчестер Сити го изненади Ватфорд, совладувајќи го со 8:0, и со 13 бода е втор во лигата по Ливерпул, кој има 18 бода.
Во шпанската Ла лига, Атлетик Билбао го совлада Алавес со резултат 2:0 и се искачи место погоре на табелата во лигата, откако Севиља беше поразена од Реал Мадрид со 1:0.
Гранада исто го совлада шампионот Барселона со 2:0.
По лидерот во лигата, Атлетик Билбао, со 11 бода, на табелата е Реал Мадрид со ист број бодови. Гранада, Реал Сосиедад, Севиља и Атлетико Мадрид се зад нив со по 10 бода.
Во германската Бундеслига, лидерот РБ Лајпциг го победи Вердер Бремен со 3:0, додека шампионот Баерн Минхен го порази Келн со 4:0.
Борусија Дортмунд и Ајнтрахт Франкфурт играа нерешено 2:2.
По лидерот на табелата во лигата, Лајпциг, со 13 бода, следуваат Баерн Минхен со 11 бода и Борусија Дортмунд, Фрајбург, Шалке 04, Борусија Менхенгладбах и Баер Леверкузен со по 10 поени.
Во италијанската Серија А, Интер го совлада Милан со 2:0 во дерби-натпреварот, победувајќи во четири натпревари по ред.
Шампионот во последните осум години, Јувентус, ја порази Хелас Верона со 2:1, додека Наполи оствари победа над Лече со резултат од 4:1.
Интер е на врвот на лигата со 12 бода. Потоа следуваат Јувентус со 10 бода и Наполи со 9 бода.
Во француската Лига 1, шампионот Париз Сен Жермен го порази Олимпик Лион со 1:0 во мечот на гости.
Анже постигна победа над Сен Етјен со 4:1, додека Ница го порази Дижон со 2:1.
Париз Сен Жермен е на врвот на лигата со 15 бода, по него се Ница и Анже со 12 бода.