Emre Aşıkçı
24 Септември 2019•Ажурирај: 25 Септември 2019
АНКАРА
Фудбалерот на Барселона, Аргентинецот Лионел Меси, ја доби наградата на ФИФА за најдобар фудбалер на светот во категоријата мажи за 2019 година, пренесува Anadolu Agency (AA).
За време на церемонијата во „Театро ала Скала“, оперската куќа во Милано, Меси беше прогласен за фудбалер број еден во сезоната, победувајќи го Кристијано Роналдо и дефанзивецот на Ливерпул, Виргил ван Дијк.
Меси ја освои оваа награда и во 2009 година.

Менаџерот на шампионот од Лигата на шампиони на УЕФА, Ливерпул, Јирген Клоп, ја освои наградата на ФИФА за најдобар тренер во категоријата мажи, додека тренерот на американската женска фудбалска репрезентација, Џил Елис, ја доби наградата за најдобар тренер во категоријата жени.
Напаѓачот на унгарскиот тим Дебрецин, Даниел Зори, ја доби наградата на ФИФА „Пушкаш“ за најдобар гол на годината, додека американската фудбалерка од средниот ред, Меган Рапино, ја доби наградата на ФИФА за најдобра фудбалерка.
На играчот на Ливерпул, Бразилецот Алисон Бекер, му припадна наградата за најдобар голман, додека фудбалерката на Атлетико Мадрид, Сари ван Венедал, беше прогласена за најдобра голманка.
На свечената церемонија, Марсело Биелса и неговиот состав од Лидс Јунајтед ја добија наградата за најфер-игра.
Силвија Греко, која е од Бразил, ја доби наградатана ФИФА за фанови, поради нејзините напори за поддршка на синот Николас Греко, кој е слеп.