Dejan Maksimovic
08 Декември 2022•Ажурирај: 09 Декември 2022
МАДРИД (АА) - Фудбалскиот сојуз на Шпанија експресно изреагира по смената на Луис Енрике и за нов селектор на шпанската А-селекција го именуваше Луис де ла Фуенте, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Раководството на шпанскиот фудбалски сојуз одлучи националниот тим да го води човек кој со години е вклучен во работата на државните селекции.
Имено, Фуенте од 2013 година е ангажиран како селектор на младите селекции на Шпанија. Започна со селекцијата У19, па преку У21 стигна до У23, за сега да стане селектор на сениорскиот национален тим на Шпанија.
Со репрезентациите У19 и У21 Фуенте ја освои титулата Шампион на Европа во 2015, односно 2019, додека со селекцијата У23 ја однесе Шпанија до сребрениот медал на Олимписките игри во Токио 2020.
„Луис Енрике повеќе не е селектор на шпанската фудбалска А-репрезентација“, објави денеска Фудбалскиот сојуз на Шпанија.
Во соопштението на шпанскиот ФС се наведува дека е раскината соработката со Енрике поради неуспехот на Светското првенство во Катар, на кое националниот тим на Шпанија во осминафиналето беше елиминиран од селекцијата на Монако.