Can Erözden
02 Септември 2021•Ажурирај: 08 Септември 2021
АНКАРА
Фудбалската суперѕвезда Кристијано Роналдо вчера го собори рекордот на постигнати голови на сите времиња на репрезентативните настапи, откако го постигна својот 110. гол за Португалија на средбата против Ирска, а во судиското продолжение успеа да постигне уште еден погодок, известува Агенција Анадолија (АА).
Новиот трансфер на Манчестер Јунајтед, 36-годишниот Роналдо, постигна два гола против Ирска во квалификацискиот натпревар за Светското првенство ФИФА 2022, кој Португалија го доби со 2:1 на стадионот Алгарве, познат како „Фаро-Луле“.
Капитенот на Португалија постави нов рекорд постигнувајќи погодокот во 89. минута, што беше негов 110. гол за државната селекција.
Со овој гол Роналдо го собори рекордот на поранешниот ирански напаѓач Али Даи, кој имаше постигнато 109 гола за својата земја во период од 1993 до 2006 година.
Роналдо претходно го израмни рекордот на Даи, летово на ЕВРО 2020.
Потоа Роналдо во судиското продолжение на средбата против Ирска успеа да постигне уште еден погодок, зголемувајќи го рекордот на постигнати голови за националниот тим на 111.
Роналдо за репрезентацијата на Португалија постигна 111 гола на 180 натпревари.