Abdulkadir Karakaya
05 Септември 2020•Ажурирај: 06 Септември 2020
ПАРИЗ (АА) - Шпанскиот голман Серхио Рико официјално стана нов фудбалер на францускиот првак Парис Сен Жермен (ПСЖ), јавува Агенција Анадолија (AA).
Рико како фудбалер на шпанска Севиља минатата сезона беше на позајмица во ПСЖ, а раководството на клубот од Париз денес соопшти дека го откупиле неговиот договор.
ПСЖ со 27-годишниот Рико потпиша четиригодишен договор, а француските медиуми тврдат дека на Севиља ѝ е исплатена отштета во износ од шест милиони евра.
Изминатата сезона Рико бранеше за ПСЖ на десет натпревари и се чини дека ги задоволи апетитите на стручниот штаб, кој со долгорочниот договор му укажа доверба.