Yunus Kaymaz
24 Мај 2023•Ажурирај: 29 Мај 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот суперлигаш ВаваКарс Фатих Караѓумрук објави дека го отпуштил италијанскиот тренер Андреа Пирло, пренесува Анадолу.
Клубот објави дека на Андреа Пирло и на неговиот тим им дале одмор до крајот на сезоната за да ја планираат својата иднина откако ги известиле дека нема да продолжат со нив следната сезона.
ВаваКарс Фатих Караѓумрук му се заблагодари на италијанскиот тренер за неговиот придонес во клубот.
Четириесет и четиригодишниот Пирло ја започна кариерата во црвено-црниот клуб во јуни минатата година, со кој на 36 натпревари оствари 13 победи, 12 нерешени и 11 порази.