Amina Zorniç
14 Јуни 2016•Ажурирај: 15 Јуни 2016
ЖЕНЕВА (АА) - Суспендираниот претседател на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Јозеф Сеп Блатер, во интервјуто за аргентинскиот весник "La Nacio" изјави дека бил сведок на местење ждрепка на Европско фудбалско првенство, пренесува Anadolu Agency (AA).
Тој појасни дека не бил сведок на местење на ждрепки на натпреварите на ФИФА, но потврди дека на европските натпреварувања имало такви случаи, додавајќи дека местењето на ждрепката се изведувало со методот на „топло-ладно“.
„Се разбира дека тоа е возможно, и покрај тоа што таквите настани ги следат милиони луѓе. Бев сведок кога се случи тоа во Европа. Пред извлекувањето, топчињата беа ставени во фрижидер, и кога ќе ги допрете, забележувате кои се топли, а кои ладни, така што знаете кое топче треба да го извлечете“, рече Блатер.
Продолжуваат скандалите кои од мај месец ја тресат ФИФА, кога властите од Швајцарија отворија истрага против највисоките функционери на организацијата. Покрај апсења, смена, сослушувања и обвиненија, под истрага се ставени и се проверуваат доделувањата за домаќини на Светските првенства, вклучувајќи ги и оние за Русија и Катар во 2018 и 2022 година.