Bakir Tiro
23 Септември 2020•Ажурирај: 26 Септември 2020
НАЈОН (АА) - Кевин де Брујне, Роберт Невандовски и Мануел Нојер влегоа во тесниот избор за награда за најдобар играч во Европа во сезоната 2019/2020 (UEFA Best Player in Europe) во избор на Европската фудбалска асоцијација (UEFA), јавува Агенција Анадолија (АА).
Врз основа на гласовите на членовите на жирито на УЕФА за играчите на сезоната 2019/2020, во конкуренција беа Лионел Меси (Барселона) - 53 бода, Нејмар (Париз Сен-Жермен) - 53, Томас Мулер (Баерн) - 41, Килијан Мбапе (Париз Сен-Жермен) - 39, Тијаго Алкантара (Баерн) - 27, Јозуа Кимих (Баерн) - 26 и Кристијано Роналдо (Јувентус) - 25.
Освојувачот на традиционалната престижна награда ќе биде прогласен на 1 октомври на церемонија во седиштето на УЕФА во Нион, Швајцарија, за време на извлекувањето на групите од Лигата на шампионите за сезоната 2020/2021. Тогаш ќе биде прогласен и најдобриот тренер во Европа, најдобрите играчи по позициите во тимот во изминатата сезона на Лигата на шампиони, најдобрата фудбалерка, како и фудбалерките според позициите во тимот на Стариот Континент за изминатата натпреварувачка сезона.
УЕФА и оваа година ќе го награди најдобриот фудбалер на Лига Европа, а наградата ќе му биде доделена за време на извлекувањето на групите за тој натпревар на 2 октомври во Нион.
Потесниот избор од тројца играчи во сите конкуренции го одбра жирито на УЕФА кое се состои од 80 тренери на клубовите кои учествуваа во групните фази на Лигата на шампиони 2019/2020 (32), Лига Европа (48) и 55 новинари кои ги избраа Европските спортски медиуми (ESM) - по еден од секоја земја членка на УЕФА.
„Членовите на жирито одбраа по тројца најдобри во сите конкуренции, со тоа што првиот доби пет бода, другиот три и третиот, еден. Тренерите не смееја да гласаат за играчите од сопствениот тим“, соопштија од УЕФА.
- Номинирани за награди на УЕФА во сезоната 2019/2020. -
Најдобар фудбалер во Европа: Де Брујне, Левандовски, Нојер
Најдобра фудбалерка во Европа: Бронз, Хардер, Ренард
Најдобар тренер: Флик, Клоп, Нагелсман
Најдобра тренерка: Кортс, Лерч, Васер
Најдобар голман во ЛШ: Навас, Нојер, Облак
Најдобар дефанзивен играч во ЛШ: Алаба, Дејвис, Кимих
Најдобар играч од средниот ред во ЛШ: Де Брујне, Мулер, Тиаго Алкантара
Најдобар напаѓач во ЛШ: Левандовски, Мбапе, Нејмар
Најдобра голманка: Бухади, Ендлер, Панос
Најдобра дефанзивка: Бронз, Геслинг, Ренард
Најдобра фудбалерка од средниот ред: Гунарсдотир, Марозан, Поп
Најдобра напаѓачка: Каскарино, Хардер, Миедема
Најдобар играч во Лига Европа: Банега, Бруно Фернандеш, Лукаку