Abdulkadir Karakaya
15 Ноември 2020•Ажурирај: 15 Ноември 2020
ИСТАНБУЛ
Во рамките од 5. коло на УЕФА Лигата на нации синоќа се одиграа 9 натпревари, известува Агенција Анадолија (АА).
Во 5. коло од Лигата на нации, фудбалското натпреварување на репрезентативно ниво во организација на УЕФА, синоќа се одиграа 9 натпревари во лигите А, Ц и Д.
Дербито на колото се играше во 3. група на Лигата А. Португалија на домашен терен ја пречека Франција. Гостите со погодокот на Н’Голо Канте во 53. минута ја совладаа Португалија со 0:1.
Во 4. група од лигата А, Германија ѝ беше домаќин на Украина. Иако гостите поведоа во 12. минута од натпреварот со 0:1 со погодокот на Роман Јеремчук, репрезентацијата на Германија направи пресврт и со погодоците на Лерон Сане во 23. минута и со двата погодока на Тимо Вернер во 33. и 64. минута извојува победа од 3:1.
- Серхио Рамос нов рекордер
Во 4. група од Лигата А, Шпанија ѝ гостуваше на Швајцарија. Натпреварот заврши без победник 1:1, а капитенот на шпанската репрезентација, Серхио Рамос, 2 пати не успеа да постигне погодок при изведувањето удар од 11 метри. Швајцарија во 26. минута од натпреварот поведе со 1:0 преку Ремо Фројлер, а Шпанија во 89. минута преку Жерард Моерно изедначи на 1:1.
На средбата против Швајцарија, Шпанецот Рамос го одигра својот 177. натпревар, со што го надмина италијанскиот голман Џанлуиџи Буфон и стана фудбалер кој најмногу пати го носел репрезентативниот дрес во Европа.
Резултати од синоќа одиграните натпревари во УЕФА Лигата на шампиони:
Лига А
Група 3: Португалија - Франција 0:1
Шведска - Хрватска 2:1
Група 4: Германија - Украина 3:1
Швајцарија - Шпанија 1:1
Лига Ц
Група 1: Кипар (грчки дел) - Луксембург 2:1
Азербејџан - Црна Гора 0:0
Лига Д
Група 1: Малта - Андора 3:1
Летонија - Фарски Острови 1:1
Група 2: Сан Марино - Гибралтар 0:0.
Денес на програмата се натпреварите:
15:00 Северна Македонија - Естонија
15:00 Словачка - Шкотска
18:00 Грузија - Ерменија
18:00 Бугарија - Финска
18:00 Белорусија - Литванија
18:00 Албанија - Казахстан
18:00 Холандија - Босна и Херцеговина
18:00 Велс - Ирска
18:00 Турција - Русија
20:45 Данска - Исланд
20:45 Унгарија - Србија
20:45 Молдавија - Грција
20:45 Романија - Норвешка
20:45 Словенија - Косово
20:45 Австрија - Северна Ирска
20:45 Чешка - Израел
20:45 Италија - Полска
20:45 Белгија - Англија.