Abdulkadir Karakaya,Oktaj Omeragikj
02 Декември 2020•Ажурирај: 02 Декември 2020
ИСТАНБУЛ
Во најзначајното фудбалско клупско натпреварување на Европа, УЕФА Лигата на шампиони, синоќа се одиграа средбите од 5. коло во групите А, Б, Ц и Д, известува Агенција Анадолија (АА).
Во групата А, актуелниот шампион Баерн Минхен му гостуваше на Атлетико Мадрид. Натпреварот заврши нерешено 1:1.
Атлетико Мадрид поведе во 26. минута преку Жоао Феликс, а Баерн Минхен изедначи во 86. минута преку Томас Милер со погодокот постигнат со удар од 11 метри.
На едно коло пред крајот на групната фаза во Лигата на шампиони Баерн е лидер на табелата со 13 бода, а Атлетико Мадрид со 6 бода шансата за пласман во наредната фаза на ЛШ ќе ја побара во последното коло.
- Порази на Реал Мадрид и Борусија Менхенгладбах
Во групата Б се одиграа многу интересни средби кои во потполност направија до последното 6. коло да не се знае кои два тима ќе изборат пласман во наредната фаза на ЛШ. По првото полувреме кое заврши 0:0, Шахтјор успеа да поведе преку погодокот на Дентињо во 57. минута, а конечните 2:0 ги постави Соломон со голот што го даде во 82. минута од средбата.
Во вториот натпревар од оваа група, Борусија Менхенгладбах му беше домаќин на Интер. Гостите започнаа остро и веќе во 17. минута поведоа со 0:1 со погодокот што го постигна Дармиан, а домаќините успеаја да изедначат на 1:1 во судиското продолжение 45+1 преку Аласан Плеа. Во второто полувреме извонредна ефикасност прикажа Ромелу Лукаку кој со двата погодоци постигнати во 64. и 73. минута му донесе водство на Интер од 1:3. Плеа со голот постигнат во 76. минута го намали резултат на 2:3, но тоа не беше доволно за да се избегне поразот.
- Ливерпул се пласира во наредната фаза
Во групата Ц, Порто му беше домаќин на Манчестер Сити. Натпреварот заврши нерешено 0:0, а Порто со освоениот бод, заедно со Манчестер Сити успеа да избори пласман во осминафиналето на ЛШ.
Во групата Д, Ливерпул на домашен терен ја пречека екипата на Ајакс. Домаќините со минимална победа од 1:0, со погодокот што го постигна Кертис Џоунс во 58. минута од средбата успеа да се пласира меѓу 16-те најдобри во ЛШ.
Резултати од синоќа одиграните натпревари:
Група А
Атлетико Мадрид - Баерн Минхен 1:1
Локомотив Москва - Салцбург 1:3
Група Б
Шахтјор Донецк - Реал Мадрид 2:0
Борусија Менхенгладбах - Интер 2:3
Група Ц
Порто - Манчестер Сити 0:0
Олимпик Марсеј - Олимпијакос 2:1
Група Д
Ливерпул - Ајакс 1:0
Аталанта - Мидтјиланд 1:1
Денес на програмата се натпреварите во групите Е, Ф, Г и Х. Се среќават:
18:55 Краснодар - Рен
18:55 Истанбул Башакшехир - Лајпциг
21:00 Севиља - Челзи
21:00 Клуб Бриж - Зенит
21:00 Борусија Дортмунд - Лацио
21:00 Ференцварош - Барселона
21:00 Јувентус - Динамо Киев
21:00 Манчестер Јунајтед - ПСЖ.