Doğa Kırmızıoğlu
04 Октомври 2023•Ажурирај: 05 Октомври 2023
АНКАРА/НИОН (АА) - Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) објави дека ја разгледува кандидатурата што заеднички ја поднесоа Туркије и Италија за домаќин на Европското фудбалско првенство во 2032 година, пренесува Анадолу.
Во соопштението се наведува дека УЕФА го прифатила барањето на Туркије која се повлече од кандидатурата за организација на Европското првенство во 2028 година и дека го разгледува барањето поднесено од Туркије со Италија за заедничка организација на ЕУРО во 2032 година.
По повлекувањето на Туркије, заедничката кандидатура за Велика Британија и Република Ирска остана без конкуренција за домаќин на ЕУРО 2028 година.
Управниот одбор на УЕФА на 10 октомври во Нион, Швајцарија, ќе донесе одлука за домаќинот на Европското првенство во 2028 година и за конечните кандидати за ЕУРО 2032 година.
Туркије претходно се кандидираше за ЕУРО 2028, но Фудбалскиот сојуз на земјата соопшти дека ќе се повлече доколку нејзината заедничка понуда со Италија за ЕУРО 2032 биде прифатена.