14 Мај 2023•Ажурирај: 16 Мај 2023
АМСТЕРДАМ (АА) - Фудбалерите на Фејенорд во 32. коло од Првенството на Холандија го совладаа Гоу Ахед Иглс со резултат 3:0 и две кола пред крајот математички ја обезбедија шампионската титула, јавува Анадолу.
Головите ги постигнаа Усама Идриси во 15-та минута, Сантијаго Томас Хименез три минути подоцна и Игор Паиксао во 54-та минута.
Ова е 16-та титула првак на Холандија за клубот од Ротердам, и прва од 2017 година, но само втора во последните 24 години.
На крајот од натпреварот, над 50.000 навивачи на Фејенорд ја прославија шампионската титула на стадионот „Де Куип“. По натпреварот голем број навивачи славењето го продолжија на улиците на Ротердам.