Yunus Kaymaz
24 Јули 2018•Ажурирај: 26 Јули 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - ФИФА ја соопшти листата која се состои од 11 кандидати номинирани за наградата „Најдобар машки тренер во 2018 година“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението објавено на интернет-страницата на ФИФА, на оваа листа е вклучен и Дидје Дешам, кој со репрезентацијата на Франција го освои Светското првенство што се одржа оваа година во Русија, како и Зинедин Зидан, кој три пати по ред со Реал Мадрид стана шампион во Лигата на шампионите на УЕФА.
Листата на номинирани кандидати за најдобар машки тренер на годината е следна:
Масимилијано Алегри (Јувентус);
Станислав Черчесов (репрезентација на Русија);
Златко Далиќ (репрезентација на Хрватска);
Дидје Дешам (репрезентација на Франција);
Пеп Гвардиола (Манчестер сити);
Јирген Клоп (Ливерпул);
Роберто Мартинес (репрезентација на Белгија);
Диего Симеоне (Атлетико Мадрид);
Гарет Саутгејт (репрезентација на Англија);
Ернесто Валверде (Барселона);
Зинедин Зидан (Реал Мадрид).
Бројката на номинираните кандидати на оваа листа ќе се намали на три, по гласањето што ќе се изврши од страна на тренерите и капитените на репрезентациите, навивачите и новинарите. Најдобриот тренер на годината ќе биде избран на церемонија што ќе се одржи на 24 септември во Лондон.