Emre Doğan
12 Јуни 2018•Ажурирај: 13 Јуни 2018
МОСКВА (АА) - Во Русија утре ќе се одржи 68. редовен конгрес на Светската фудбалска организација (FIFA), јавува Anadolu Agency (AA).
Конгресот се одржува ден пред почетокот на Светското фудбалско првенство во Русија, а на него ќе присуствуваат челниците на ФИФА од сите национални фудбалски сојузи на членките на организацијата.
Според најавите, една од главните теми на утрешниот конгрес во московскиот Експоцентар е и донесување на одлуката за домаќин на Светското фудбалско првенство што ќе се одржи во 2026 година.
Во најтесниот избор за домаќин на Мундијалот во 2026 година останаа две кандидатури. На Мароко противкандидати ќе му бидат САД, Канада и Мексико, кои сакаат заеднички да го организираат шампионатот во 2026 година.