Mutlu Demirtaştan
25 Март 2022•Ажурирај: 25 Март 2022
ИСТАНБУЛ
Викендов се одржува трката во Формула 1 на патеката Корниш во саудискиот град Џеда. На патеката со должина од 6.174 метри, возачите во Формула 1 ќе се натпреваруваат кој најбргу ќе ги извози 50-те круга, јавува Агенција Анадолија (АА).
На минатогодишното промовирање на трката за Големата награда на Саудиска Арабија, која по вторпат ќе се вози во рамките на Ф1, освојувач на полпозицијата и победник беше Британецот Луис Хамилтон, возачот на Мерцедес.

Доколку Хамилтон или Џорџ Расел, возачите на Мерцедес, извојуваат победа на неделната трка, тимот на Мерцедес ќе стигне до својата 125. победа во историјата на Формула 1.
На првата трка сезонава што се одржа во Бахреин, возачите на Ферари, Шарл Леклер и Карлос Саинз, ги освоија првите две места, додека Хамилтон заврши на третата позиција. Актуелниот шампион Макс Верстапен, возачот на Ред Бул, не ја заврши трката поради проблем со неговиот болид на три круга пред крајот.
Ранг-листата на првите пет возачи и тимови во Формула 1 пред трката за Големата награда на Саудиска Арабија изгледа вака:
Возачи
1. Шарл Леклер (Монако): 26 поени
2. Карлос Саинз (Шпанија): 18
3. Луис Хамилтон (Велика Британија): 15
4. Џорџ Расел (Велика Британија): 12
5. Кевин Магнусен (Данска): 10
Тимови
1. Ферари: 44
2. Мерцедес: 27
3. Хас: 10
4. Алфа Ромео: 9
5. Алпин: 8