Cenana Nyemçeviç,Ekip
23 Септември 2016•Ажурирај: 24 Септември 2016
САРАЕВО (AA) - Познатиот фудбалски експерт од БиХ, селектор на репрезентацијата на Јапонија, Вахид Халилхоџиќ, меѓу првите отвори профил на Интернационалната фудбалска мрежа Футгол ( footgoll.com) и ги повика сите љубители на фудбалот да му се придружат, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Фудбалот беше и остана мојот живот“, вели Халилхоџиќ и додава:
„Кога играв, живеев за својот клуб и за репрезентацијата, а особено за навивачите кои ме гледаа. Мојот почеток беше тежок, особено затоа што немав можност да им покажам на вистинските менаџери и тренери што знам, бидејки тогаш технологијата и медиумите не беа развиени како сега. Таленти има низ целиот свет, но многумина немаат можност да се наметнат и да бидат забележани. Впрочем, Футгол го нуди тоа, бесплатна промоција на играчите, клубовите, медиумите, како и на оние поради кои се игра фудбалот, навивачите“.
Вахид Халилхоџиќ својата кариера ја започна во мостарски „Вележ“, а подоцна поради брилијантните натпревари на теренот бил забележан од големите клубови. Продолжи да игра во „Нант“ и „ПСЖ“ во Франција и беше еден од најдобрите напаѓачи во Европа. По завршувањето на играчката кариера стана успешен тренер, и на сите ќе им остане во сеќавање неговото водење на репрезентацијата на Алжир во 2014 година, на Светското првенство во Бразил, каде што стигнаа до осминафиналето. Моментално ја предводи репрезентацијата на Јапонија.
Како што вели, секогаш ги ценел работата, трудот и квалитетот.
„Сепак, покрај квалитетот битна е и промоцијата за се биде забележан. Неизмерно ми е драго што Футгол, светската фудбалска мрежа, е осмислена и програмирана од страна на експерти од нашите простори. Имаме нешто со што можеме да го освоиме светот и на коешто можеме да бидеме горди, и затоа сум дел од ова. Концептот е таков што во него можат да се вклучат сите оние што сакаат фудбал. Поради тоа, би ги повикал сите свои колеги селектори, репрезентативци, како и сите клубови и навивачи да отворат профили на Футгол, со што ќе станеме средиште на светскиот фудбал. Мојата маленкост и многумина други успеавме, сега е потребно на другите да им помогнеме да успеат“, вели Халилхоџиќ.