Berad Büyük
30 Март 2020•Ажурирај: 30 Март 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Тренерот на катарскиот фудбалски клуб Ел Сад, Чави Хернандез, истакна дека сака да биде тренер на Барселона, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Легендарниот фудбалер на Барселона, Чави, кој го носеше дресот на овој клуб од 1998 до 2015 година, даде изјава за шпанскиот весник „Ла Вангардиа" (La Vanguardia).
Чави во изјава за овој шпански весник нагласи дека сака да се врати во Барселона.
„Мислам дека веќе сум способен да ги менаџирам играчите. Но, поставив некои услови. Јас ќе бидам тој што одлучува и ќе започнам еден проект од нула“, рече Чави.
Што се однесува до прашањето дали Барселона има потреба од трансфери, 40-годишниот Xavi одговори: „Немаат потреба многу од нови играчи. Можеби можно е да биде Џејдон Санчо или Серж Гнабри“.