Ekipa
22 Јануари 2017•Ажурирај: 23 Јануари 2017
ЧАПЕКО (АА) - Преживеаните во авионската несреќа што се случи пред два месеци, во која загинаа 19 членови на фудбалскиот клуб Чапекоенсе од Бразил, подигнаа пехар на победниците на Купот Судамерикана во знак на сеќавање на настраданите клупски колеги, јавува Anadolu Agency (AA).
Моментот за паметење се случи вчера пред почетокот на натпреварот што обновената екипа на Чапекоенсе за првпат го одигра по трагедијата на 28 ноември минатата година.
Одбранбениот фудбалер Нето се поклони пред 20.000 навивачи на распродадениот стадион на бразилскиот клуб. Тој го подигна пехарот заедно со други двајца играчи кои ја преживеаја несреќата, голманот Џексон Фолман и крилото Алан Рушел.
На Чапекоенсе му е доделен трофеј по трагичната авионска несреќа, што претставува знак на поддршка на колумбискиот клуб Атлетико Национал со кој требаше да игра во финалето на Суд Американа.
На членовите од семејствата на жртвите им се доделени победнички медали, а уште еднаш на преживеаниот радио новинар Рафаел Хензел, му припадна честа да го изведе почетниот удар на вчерашниот пријателски натпревар со Палмериас.